Категории

Жените изневеруваат поради овие четири основни причини

Според истражувањето на авторот Гери Нуман, 39% од жените барем еднаш учествувале во некоја активност која може да се нарече изневерување.

До овој заклучок дошол на основа на истражувањето во кое учествувале 400 жени, а како главна причина за ваквото однесување, Нуман ја истакнува комбинацијата од недостаток на емотивна и сексуална задоволеност.

„Од жените кои учествуваа во истражувањето научив за какви специфични брачни проблеми се работело, а кои мажите би можеле да ги избегнат и со тоа да ги смалат шансите за вонбрачните активности на нивните сопруги”, вели Нуман, додавајќи дека постојат причини во емотивниот, но и во сексуалниот живот.

Емотивни проблеми

Време 
Жените кои поминуваат повеќе време со своите партнери, односно оние кои дневно имаат најмалку еден 30-минутен непрекинат разговор, поретко стапуваат во забранетите води.

Почит
Кај жените кои дневно слушаат најмалку два геста на внимание и почит, во вид на порака, телефонски повик, цвеќе или било што кое покажува дека партнерот ги цени, драстично се намалени шансите за барање срежа на други места.

Слушање
Од мажите не се очекува да бидат адвокати или да даваат совети, туку да ја сослушаат својата подобра половина. Важно е жената која е во врска или брак да чувствува дека нејзиниот партнер ги сфаќа и разбира нејзините проблеми.

Сексуален проблем

Нуман истакнува дека во оваа група се крие само една ставка, а тоа е недостатокот на редовен секс. Жените кои имаат партнер кој им пружа чести сексуални искуства се помалкунаклонети кон изневерување. Авторот смета дека жените кои имаат секс најмалку десет пати месечно може да се сметаат среќни во врската или бракот. 

Прегледи:
430
Објавено на:
04.03.2020