Категории

Жените од ова племе имаат плочки во усните: Дали е вредна нивната жртва?

Племето Мурси од Етиопија имаат низа свои карактеристики, но една особено се издвојува и поради тоа се единствени во светот.

Честопати по интернет можеме да ги видиме жените од ова племе како на усните имаат плочки кои им ја растегнуваат устата до екстремни размери.

Членките на племето Мурси, кои живеат во националниот парк Маго во Етиопија, почнале да ги носат плочките во усните уште како тинејџерки и постепено ги зголемувале нивните големини.

Тешките плочки, направени од глина со големина и до 13 цм, се користат како обележје на традиционалните ритуали и на нив гледаат како на знак за убавина.

Жените почнуваат да ги носат од 15 години, кога усните им ги пресекува друг член на семејството. Отсечениот дел се санира после три месеци и овозможува усните да се растегнат за да може да ја собере плочката.

Истражувачот Цезари Филев од Варшава отпатувал во Етиопија за да се сретне со оваа заедница и создал неколку фотографии од нив.

„Единствено ова женско племе носи плочки во усните. Направени се од глина и прилично се тешки. Колку е поголема плочката, толку подобро“, вели Филев.

Прегледи:
267
Објавено на:
12.12.2018