Категории

Жените родени во овие ХОРОСКОПСКИ знаци пленат со својата УБАВИНА

Тие се родени убавици! Не е лесно да се дефинира убавината, таа е во окото на посматрачот и зависи од личните критериуми и често нема врска само со физичкиот изглед туку и со внатрешната убавина, поточно со внатрешното зрачење и харизма.

Дамите родени во овие хороскопски знаци се едни од нив…

 

Вага
Овој знак често се смета за најубав а обично ги краси и вродена елеганција. Тие најчесто имаат симетрично лице и совршено обликувани усни, убави продорни очи, белези и слатки дупчиња на образите кои ги прават шармантни и неодоливи, а тоа ги прави толку привлечни за останатите.

Шкорпија
Препознатливи се по нагласените црти на лицето и крупните очи во некоја необична, хипнотизирачка нијанса. Освен провокативниот поглед се гордеат и со сензуални усни како и преубава густа коса. Обично имаат витка градба и ги краси блескав темен тен и мека негувана кожа.

Јарец
Припадничките на овој знак се познати по својата заводлива фигура. Иако изгледот им е главно просечен и неутрален, се истакнуваат со големи очи најчесто во сива или сина нијанса како и преубава искрена насмевка. Обично сакаат да се дотеруваат па убавата облека ги истакнува меѓу останатите.