Жените родени во овие хороскопски знаци прават сѐ за љубовта!

Некои жени во љубовта ги води мислата „Подобро да сакам и да изгубам, отколку воопшто да не сакам“, додека некои пак, многу бргу забележуваат дека другата страна не се труди доволно и сами се откажуваат.

Овен

Жената родена во овој хороскпски знак толку страствено влегува во врска што заборава дека секоја врска има свои ризици и дека нема секогаш да биде како што треба. Таа едноставно им се препушта на пеперутките во стомакот. Жените родени во овој знак многу се трудат околу љубовните врски, а тоа понекогаш може да заврши еднострано. Сакаат да ги изненадуваат партнерите со слатки подароци и да планираат романтични настани. За среќа, тие бргу забележуваат кога другата страна не се труди и тогаш сами се откажуваат.

Близнаци

Жените од овој хороскопски знак го обожаваат почетокот на новите врски. Тоа ги возбудува. Сакаат да почувствуваат нервоза и чувство на привлечност во исто време. Наспроти стравот, искрено говорат за своите емоции.
Во почетокот на врската знаат да бидат наметливи во изразувањето на емоциите и во размислувањето како да му удоволат на партнерот. Токму тоа е причината поради која честопати нивните врски траат кратко.

Вага

Вагите се многу посветени на своите партнери и избегнуваат кавги по секоја цена. Тие знаат толку многу да ги сакаат своите партнери што би направиле буквално сѐ за нив. На тој начин го изразуваат својот восхит. Веруваат дека се несебични па лесно се чувствуваат повредени ако проценат дека нивниот партнер не се труди доволно. Жените Ваги го гледаат најдоброто во мажот со кој се во врска и многу тешко се опоравуваат откако ќе им го скршат срцето.

Стрелец

Овие жени честопати се неспретни во своите врски, но се вљубуваат до уши и сакаат со цело срце. На почетокот на врските доживуваат налет на страст. Тие се свесни дека можеби ќе бидат повредени и дека врската нема да трае долго, но без разлика во неа влегуваат страствено. Многу брзо стануваат отворени и ранливи со партнерот. Многу искрено говорат за своите емоции. Се водат по изреката „Подобро да сакам и да бидам повредена, отколку да не сакам воопшто“.

Риби

Тие се многу искрени и емотивни. кога некого сакаат, нема да играат игри и да калкулираат дали ќе бидат повредени или не. Жените родени во овој знак имаат потполна доверба во партнерот, потполно им се отвораат. Тоа е причина зошто честопати се повредени. Рибите се свесни на тој ризик, но сметаат дека тоа што го преживуваат во тој момент, вреди.




Коментари

коментари