Женски лаги кои треба да знаете да ги препознаете

Ова се мали нешта на кои никој не сака искрен одговор нити да даде искрено мислење.

„Кажи ми искрено како изгледам?“
Ако го кажете она кое навистина го мислите веројатно ќе погрешите. Ова најчесто значи – Кажи ми го она што сакам да го чујам.

„Добро сум!“
Најчесто значи – Далеку сум од она што значи добро сум. Најлошото што можете да го направите е да кажете: Тогаш добро! , и да заминете. Покажете малку волја за сослушување.

„Супер, излези малку со другарите и забавувај се добро“
Мал број жени вистински го мислат ова кога го изговараат.

„Никогаш не сум изневерила“
Некои и не изневериле, но голем број кој изневериле тоа нема никогаш да го признаат.

„Не ми смета што ви со пријателски односи со бившата“
Голем број жени ја мразат оваа помисла, всушост не им е драго што се сретнувате со бившата, а за пријателството и да не зборуваме. Во најдобар случај ова значи – Не ми смета што сте пријатели со неа, за сега, но нема за долго.

„Не очекувам ништо за роденден, Божиќ, годишнината..“
Многу жени не ги сакаат некои од празниците но вие морате да знаете дека секој од нив треба да го одбележите барем со некоја ситница или гест.

„Сакаш ли да ја поделиме сметката?“
Ако таа го сака тоа, нема да ве праша, туку ќе се понуди.

„Не те игнорирам, само не го слушнав мобилниот“
Колку и да сакате да го чуете тоа и да верувате во истото, многу веројатно не е точно. Ако не го чула својот мобилен ќе ве повика подоцна, а нема да чека вие да се јавите утредента повторно.




Коментари

[fbcomments]