Категории

Женски парфеми кои посилниот пол никако не ги поднесува

Знаеме дека за вкусовите не вреди да се расправа, но би било добро да се откажете од овие парфеми

Изборот на парфем е нешто доста лично. Жените бираат парфеми кои пред се ќе им се допаднат нив, но исто така сакаат и убаво да мирисаат за својот партнер.Поради тоа во таков случај никако не сакаме од неговата уста да слушнеме нешто како: „Го чувствуваш ли и ти тој непријатен мирис?“
Еве кои парфеми посилниот пол никако не ги поднесува:

Класични цветни ароми
Стандардните цветни ароми, мирис на ружа, лаванда, камилица – одамна станаа досадни и асоцираат на бабски парфеми. Нарцисите, љубичиците и јасминот се исклучително променливи во вкусовите на мажите – таквите парфеми бирајте ги со внимание. Но цветот од портокал, тубероза, фрезија – овие мириси мажите најчесто ги одобруваат.

Мириси на пудра
Како и во претходниот случај и овие парфеми се премногу поврзани со годините. Речиси не постои особа чија баба немала свој омилен парфем кој мириса како пудра како на пример бесмртниот Chanel No.5. Сигурно се сложувате, убаво е од негова страна кога ќе ве пофали дека готвите како неговата баба, но кога се во прашање мирисите тоа сигурно не го сакаме.

Унисекс мириси
Малкумина мажи ги сакаат парфемите кои се подеднакво наменети и за вас и за него. Подобро е ако вашиот парффем евоцира примамлива слика на женственост, отколку да го потсетува на некој колега од работа. Ако сепак сакате такви ароми, дајте им предност на дрвенестите и ориенталните.

Премногу зачинети мириси
„Прво влезе нејзиниот мирис, а потоа таа.“ – сигурно ви е позната оваа ситуација.
Мажите не се големи фанови на острите мириси кои предизвикуваат главоболка. А таквиот ефект може да се постигне и доколку претерате со нанесувањето. Запомнете, парфемот треба да ве нагласува како моден додаток, а не да ја има улогата на главен лик.

Мириси на храна
Не зборуваме за мирисот на пржени компири но суштината е речиси иста: Мажите не сакаат мириси на зачини кои се поврзани со храната – куркума, коријандер, кардамом. Истовремено „десертните“ мирисни ноти на ванила, цимет и јаткасти плодови мажите ги доживуваат како многу лоши.

Прегледи:
123
Објавено на:
30.03.2020