Категории

Женствено и гламурозно – Првите есенски денови во знакот на РОЗОВАТА боја

Розовата боја една од најдоминаните во модниот свет оваа есен

Полека веќе почнавме да ја правиме транзицијата од летна во есенска гардероба па така некои ведри и вибрантни нијанси ќе ги оставиме зад себе и ќе ротираме околу темните, богати, раскошни и загасити нијанси по кои е позната есента. Но се чини дека една од оние бои кои ги обожававме ова лето, нема намера да замине од модната сцена а тоа е РОЗОВАТА боја.
Низ модните метрополи таа сеуште доминира во полн сјај. Трендсетерките направија пресврт така што ја имплементираа во својата есенска гардероба, џемперите, чизмите, и палтата.
Без сомнение таа ќе една од оние бои кои ќе не потсетуваат на ведрината на летото, па ќе продолжим да ја носиме и низ оваа сезона.