Женствено издание на Амал Клуни: Бизнис стил без грешка!

Адвокатката веќе еднаш ја носеше оваа комбинација минатата година

Адвокатката за човекови права Амал Клуни ја повтори романтичната комбинација на облека од минатата година и ги воодушеви критичарите и љубителите на модата!

Станува збор за силно розов комплет со необичен крој и здолниште со средна должина што се шири од колената.

Појасот со тока во иста нијанса ја нагласи витката половината на сопругата на славниот актер Џорџ Клуни, заокружувајќи го стајлингот со црни очила за сонце и сиви салонки.

Со оглед на работата што ја работи, Амал ретко се гледа без голема торба во која носи се што и е потребно, а овој пат изборот падна на класичен кожен модел во црна боја.

Како голем поборник за природен изглед, Амал и овој пат не претера со шминка.




Коментари

коментари