ЖЕШКИ И ВОЗБУДЛИВИ: ТАСКО И ТАША РЕЈ ПОЛУГОЛИ ВО НОВИОТ СПОТ ЗА АМНЕЗИЈА

Во исчекување на големиот концерт со Раста кој што треба да се случи оваа сабота, Таско промовира нова песна и спот. Амнезија е насловот на песната и е во трап стил.

Текстот е на Таско, музика Cheketz Beats, миксот и мастерингот на Иван Јованов – Ивајо, додека спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски – God Eye Production. Се снимаше во стан во Џевахир Скај Сити и на друга локација во нас.Аеродром. Изработен е во футуристички стил.

Амнезија – минливо „затемнување“ после бурна ноќ….Таско една вечер поминува со девојка, од утре и е само во нејзините спомени…Во реалноста не постои, постои само во нејзината фантазија и имагинација…

Во спотот по долна облека се појавува моделот Наташа Неделковска или позната како Таша Реј. Атрактивна девојка, голем љубител на тетоважите и можеби најтетовираната девојка во нашата земја. Едноставно ја сака уметноста на тетовирањето…Заедно со Таско се појавуваат во полуголо издание каде мамат воздишки…кај обата пола.

 




Коментари

коментари