За ова лето го имаме убедливо најжешкиот тренд кај костимите за капење. Едноделните костими за капење самоуверено докажаа дека не се однесуваат само на постарата генерација и во нив можете да изгледате подеднакво неодоливо. За ова лето особено актуелни ќе бидат едноделни костими со впечатливи и необични деколтеа, па затоа задолжително обезбедете си еден ваков модел за претстојниот одмор додека уживате на плажа..