Категории

Жителка на Рим казнета со 400 евра поради тоа што ја шетала својата желка

Во Италија рекорден број на испишани казни за непочитување на забраната за движење, 16,545 само во еден ден. 

Жителка на Рим морала да плати казна од 400 евра поради тоа што била затекната на улица за време на полицискиот час во цела Италија.
60-годишната жена и рекла на полицијата дека „морала да излезе од својот дом за да го прошета домашниот миленик – желка.“

Полицијата напишала рекорден број на казни во понеделникот за време на празнувањето на католичкиот Велигден.
Полицијата испишала 16,545 казни за непочитување на забраната за движење. На самиот ден на Велигден во неделата, биле испишани 13,756 казни.

Прегледи:
486
Објавено на:
14.04.2020