Живеј сега! Твојата иднина зависи од овој ден, искористи го најдобро

Не мисли на деновите кои изминале а немој да се грижиш нити за деновите кои доаѓаат. Живеј сега во овој миг, затоа што од сега започнува иднината.

Никогаш не вели дека не знаеш што да правиш со својот живот, зошто би му ја одземал смислата на нешто толку драгоцено? Постојат луѓе кои би дале се на светот за да имаат уште само еден ден да ги направат нештата кои ги посакуваат, а ти го имаш сето време пред себе. Немој да ја пропуштиш можноста да го направиш вреден за паметење.

Посети драг пријател, биди љубезен спрема некој непознат, подари цвеќе, уживај во сонцето, биди пријател со животните. Помагај, сакај, живеј!

Сето тоа е во твои раце, никој не може да го исполни твојот живот со убавина доколку ти не решиш да го направиш тоа. Ако секое растение и животно на овој свет има причина за своето постоење, колку причини можеш да пронајдеш ти?
Не мисли на деновите кои изминале а немој да се грижиш нити за деновите кои доаѓаат.
Можеш да направиш само едно нешто кое е значајно и важно, а тоа е да се обидеш да го направиш својот ден што поисполнет. Живеј сега во овој миг, затоа што од сега започнува иднината.




Коментари

[fbcomments]