Категории

Живеј живот за кој нема да каеш во твојата длабока старост

Можеби најпаметното нешто кое можеш да го направиш во животот е постојано да замислуваш дека имаш 80 години, седиш на столица која се ниша и размислуваш за животот кој си го проживеал.

Да размислуваш за сите можности кои ти биле дадени секој ден и да се прашаш себеси дали 80-годишниот ти би бил задоволен со твоите избори и одлуки?

На пример, запрашај се себеси дали кога твојот татко би те разбудил во 8 часот наутро да одете да појадувате заедно, веднаш би скокнал од креветот или едноставно би се завртил на другата страна и би продолжил со спиење.
Но што би направил 80-годишниот ти? Би скокнал од креветот и не би пропуштил уште една шанса да помине време со своите сакани.

Малите нешта кријат во себе непроценлива важност. Запрашај се себеси дали во овој миг 80-годишниот ти би се осудувал себеси за нештата кои сега ти се пружат и ти ги одбиваш, дали би се лутел на твоите одлуки. Размисли добро, и обиди се да го живееш животот од таа перспектива, за вистинскиот 80-годишен ти, никогаш да не погледне назад кон животот со горчливост и каење.

Прегледи:
217
Објавено на:
14.11.2020