Категории

Животна приказна на Ангела Меркел: Зошто нејзиниот маж го викаат Фантом и што се случува со нејзиното здравје?

Ангела Меркел има два моќни прекари: Германците ја викаат „мама“, а остатокот од светот „кралица на Европа“. Овие денови една од најмоќните жени во светот се подготвува да оди во пензија.

Ви ги претставуваме најинтересните факти за канцеларката Меркел:

1. Нејзиното моминско име е Ангела Кеснер, додека презимето Меркел го земала од првиот маж.

2. Германците од милост ја викаат Мама, а политичарите ширум светот „Кралица на Европа“.

3. Додека струдирала, Меркел работела како шанкерка на студентските диско журки.

4. Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успесите ги постигнала бидејќи на проблемите им пристапувала од научен, аналитички агол.

5. Откако се развела од првиот маж, живеела во илегален стан во близина на железничката станица. За нејзиниот триесетти роденден, татко и и доаѓал во посета и разочарано и велел: „Не постигна многу!“

6. Ноќта кога паднал Берлинскиот ѕид, отишла во сауна, подоцна малку прошетала и испила едно пиво. Бргу потоа се вратила дома за да се одмори бидејќи утредента бил работен ден. Сите останати биле во делириум се до раните утрински часови.

7. Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на берлинскиот универзитет. Не сака публицитет, па дури не се појавил ни на инаугурацијата на Меркел во 2005. година. Сака опера и прошетки, а се вози со евтини авио летови дури и тогаш кога е дозволено да патува со Ангела. Поради неговата заинтересираност во операта, Германците го нарекуваат „Фантом од опера“.

8. Меркел е добра готвачка. Обожава да прави колачи од слива и честопати јавноста ја гледа како купува намирници во супермаркет. Има обичај секое утро на својот маж да му приготви појадок.

9. Се зборува дека живее во изнајмен стан со својот маж, професор по квантна физика и дека обожава да готви чорба од компир.
10. Уште од 1995. година кога ја каснало куче развила страв кон животните. Се зборува како Путин, во текот на нејзините службени посети, честопати ја запознавал со своите домашни миленичиња, кучињата.

11. Меркел обожава фудбал и честопати влегува во машките соблекувални за да им честита победа.

12. Пред две години забележано влошување на нејзината здравствена состојба. Во текот на службените посети, имавме можност да видиме како канцеларката има тресење на телото коее трае подолг временски период. Германците се сомневаат дека Ангела има први знаци на Алцхајмер или дека е во прашање алкохолизам.

13. Ангела Меркел во 2018. година се повлече од лидерската позиција во Христијанско-демократската унија, и објавила дека нема да се бори за петти мандат како германски канцелар.  Во јули 2021. година изјави дека по септемвриските избори ќе се повлече од политичкиот живот.