Животни мудрости од Оскар Вајлд: „Некои луѓе шират среќа каде и да одат, додека други ја шират кога одат“

Ви претставуваме некои од најубавите цитати на големиот писател Оскар Вајлд:

„Кога бев млад, верував дека парите се најважни во животот. Сега кога остарев – знам дека е така.“

„Да жалиш за своите искуства значи да го запираш својот сопствен развој.“

„Со секоја жена разговарај како да ја сакаш, а со секој маж како да ти е здодевен.“

„Нема морални и неморални книги. Книгите се напишани добро или лошо. Тоа е сѐ.“

„Кога едннаш на љубовта ќе и дојде крај, слабите кукаат, енергичните веднаш наоѓаат нова љубов, а паметните веќе одамна имале резерва.“

„На непријателите треба постојано да им се простува, бидејќи тоа е всушност она најмногу што ги лути.“

„Нека бидат благословени оние кои немаат што да кажат па молчат.“

„Животот никогаш не е фер, но бидејќи повеќето од нас се нечесни – тоа ни одговара.“

„Никохгаш не зборувајте лошо за високото друштво. Така секогаш зборуваат оние кои не можат да стигнат до тоа друштво.“

„Песимист е човекот кој од две зла ги избира двете.“

„Мажот може да биде среќен со секоја жена, сѐ додека не ја засака.“

„Мажите секогаш сакаат да бидат првата љубов на жената. Жените се попрефинети: сакаат да бидат нивната последна љубов.“

„Малку искреност е опасно, а многу – кобно.“

„Ништо не може да ја излечи душата освен разумот, како што ништо не може да го излечи разумот освен душата.“

„Добриот совет секогаш само го проследувам понатаму. Мене тоа никогаш не ми помага.“

„Луѓето кои сакаат само еднаш во животот, всушност се површни. Она што тие го нарекуваат верност, тоа е мрзеливост, навика или недостаток на фантазија. Верност! Во неа е страста за присвојување. Многу работи би отфрлиле кога не би се плашеле дека другите ќе ни ги земат.“




Коментари

коментари