Категории

Животни вистини со кои морате да се соочите и да ги прифатите

Овие нешта за животот морате да ги знаете и да ги сфатите како дел од неговата суштина, нема ништо лошо во тоа и нема потреба да чувствувате страв

Животот е тежок
Никој никогаш нема да ви каже дека животот е лесен. Зошто воопшто сте го помислиле тоа

Светот не ви должи нипто
Светот не ви должи ама баш ништо. Од вас зависи како ќе го креирате својот живот како ќе го извлечете најдоброто од она кое ве опркужува

Не може да направите нешто големо ако не ризикувате
Меѓутоа, секогаш е важно да ги пресметате ризиците и да проверите дали ќе можете да се носите со најлошиот можен исход. Ако не можете, немојте да влегувате во таа работа. Надевајте се на подобро, но бидете подготвени и на најлошото.

Не можете да им удоволите на сите
Обидувањето да им се допаднете на сите е невозможна мисија. Наместо тоа, потрудете се да си се допаднете самите на себе, и не размислувајте за другите.

Стравот ја убива креативноста
Стравот не само што ја убива креативноста туку и соништата и амбицијата. Ако дозволите стравот да ја превземе контролата над вас, ќе пропуштите многу добри шанси.

Парите се важни, но е се во нив
Парите не вредат ако поради нив морате да ги жртвувате некои подрачја од вашиот живот или своите ставови, затоа што без оглед на тоа колку пари имате никогаш нема да можете да бидете среќни.

Само вие можете да се промените себеси или својот живот
Никој освен вас нема магично стапче. Секоја промена мора да започне во вас.

Не можете да ги промените другите
Можете да бидете трпеливи и да чекате другите да се променат, но нема гаранција дека ќе го направат тоа доколку не посакаат самите, без оглед на тоа колку труд вложувате вие во тоа.

Не можете да го промените минатото
Не можете да го вратите текот на животот назад, но можете да научите нешто од своите грешки и да тргнете по друг пат.

Искреноста е секогаш најдобра
Лажењето е едноставно, но без оглед на тоа колку лагата е добра, секогаш предизвикува повеќе болка од вистината, без оглед на тоа колку вистината е сурова.

Немојте да се плашите од промените
Промените се составен дел од животот, никогаш ситуацијата нема долгорочно да остане иста, но вие можете да се носите со се што се менува.

Смртта е неизбежна
Сите се плашиме од смртта, но поради тоа што се плашиме од промените. Смртта е неизбежна промена на состојбата.

Ниедна друга личност не може да ве направи потполни
Без оглед на тоа колку се плашите од самотијата, ако не сте потполни самите, не може да ве направи целосни нити партнерот. Таквото очекување е нереално.

Прегледи:
365
Објавено на:
19.07.2020