Животните лекции на Марк Херноф ќе ви го променат животот

Сите во животот сме имале непријатен период. Но, позитивноста ни помага да преживееме и да продолжиме понатаму. Во тоа може многу да ни помогнат лекциите од писателот Марк Херноф.

Ништо не е вечно

Дождот паѓа, но мора и да престане. Секој пат кога сте повредени, раната мора да зарасне. Потоа доаѓа светлината. Ноќта не трае вечно, бидејќи ништо не е вечно- ни среќата ни тагата.

Дел од созревањето

Животот понекогаш ни затвора една врата бидејќи е време да продолжиме понатаму. Кога ќе дојдат тешките моменти, потсетете се дека секоја болка доаѓа со некоја цел. Одалечете се од тоа што ве повредило, но никогаш не заборавајте што ве научила таа болка. Секој успех бара голема борба. На добрите работи им требаат време, затоа трпеливоста е важна. Има и два вида на болка- таа која ве повредува и таа која ве променува.

Грижата и жалењето не менуваат ништо

Тие кои се жалат имаат најмалку успеси. Секогаш е подобро да се обидете да направите нешто добро и да не успеете, отколку да не се ни обидете. Не е се завршено ако не успеете, завршено е кога ништо не превземате, а само се жалите. Превземете иницијатива.

Лузните се симбол на сила

Не се срамете од лузните кои ви ги оставил животот. Тие значат дека болката поминала и раната е затворена. Лузните не можете да ги избришете од минатото, но можете да го промените начинот на кој ги гледате. Гледајте на нив како симбол на вашата сила.

Негативноста на другите не е ваш проблем

Бидете позитивни дури и кога сте опкружени со негативност. Смејте се и кога другите се обидуваат да ве повлечат на дното. Единствен начин да успеете во тоа е да го задржите ентузијазмот и да останете фокусирани на своите цели. Не дозволувајте туѓата горчина да ве промени. Не сфаќајте лично дури и кога ви се чини дека е лично. Луѓето ретко прават нешто за вас, обично се што прават е за себе си.

И најмалата борба е чекор напред

Ако сакате нешто да започнете, започнете и бидете трпеливи. Во спротивно не вреди ни да започнувате. Иако тоа може да значи привремено губење на стабилноста и удобноста, на крајот повеќекратно ќе ви се врати. А, нема поубаво чувство од тоа. Нема поубаво чувство од тоа кога знаеш што значи да бидеш жив.

Тоа што е судено на крајот ќе се случи

Вистинската сила се забележува кога ви се плаче и имате многу причини за жалење, но вие ја избирате насмевката и го цените тоа што ви го дал животот. Ништо не може да се случи на сила. А, тоа што е судено, секако ќе се случи и од тоа не можете да побегнете, дури и ако постојатно сакате и се обидувате.

Најдоброто нешто е да продолжите напред

Не плашете се да станете по поразот, не плашете се повторно да се обидете, да сакате, да живеете. Не смеете да дозволите тешката лекција да ви го скамени срцето. Најдобрите животни лекции се учат од најлошите ситуации и најголемите грешки. Да, животот е тежок, но вие сте уште потешки! Морате да најдете сила секој ден да се смеете, храброст да бидете поинакви. Пронајдете начин да ги насмеете и другите. Не се нервирајте за работите кои не можат да се променат. Живејте едноставно и великодушно. Разговарајте искрено. Работете внимателно. Дури и кога чувствувате дека нешто ви е скратено, продолжете понатаму. Продолжете да растете.




Коментари

коментари