Животните правила на најсреќните луѓе на светот

Правила за убав и исполнет живот кои морате да ги знаете 

Јапонците веруваат дека секое познанство и секое искуство е единствено богатство кое никогаш нема да се повтори на ист начин. Доколку не уживате во сегашниот миг, тој е засекогаш загубен.
На овој принцип се засновува нивниот живот, па не не чуди што тие се сметаат за една од најсреќните нации на светот.

Благодарение на овој начин на размислување, тие секое утро се будат со мислата наредните часови да ги искористат на најдобар можен начин. Тие знаат дека блиските луѓе им значат се на светот и дека не треба да се замараат со непотребни нешта.

Другиот принцип по кој се водат е да живеат без никакви оптеретувања. Грижата за нештата кои поминале и на кои никако не можете да влијаете треба да се остават на страна.
Еве по кои правила се водат тие:

Не ги одлагајте посебните мигови за подоцна
Секоја прилика се пружи само еднаш. Доколку не ја искористите, ќе ја изгубите засекогаш. Живејте сега или никогаш.

Живејте како утре да не постои
Секоја средба со саканите личности искористете ја максимално. Кажете им колку ги сакате и колку ви значат, затоа што можеби нема да имате друга прилика.

Живејте во сегашноста
Размислувањето за минатото и исчекувањето на идните случувања е чисто губење на време. Трудете се да живеете во овој миг, бидете присутни и искористете го токму овој миг на најдобар можен начин.

Направете нешто што никогаш не сте го направиле
Како што рекол Ајнштајн, не можете да правите се исто и да очекувате промена. Трудете се секој ден да искусите нешто ново, па макар тоа била и ситница.

Потпрете се на своите сетила
Научете да слушате, гледате, допирате, и вдишувате мирис во секој миг. Тоа ќе ве научи да бидете внимателни спрема другите и да го зголемите нивото на емпатија.

Не сте обврзани да правите нешта кои не ви прилегаат
Луѓето по природа сакаат се да менуваат, имаат можност повторно да се откријат себеси колку пати и да е потребно тоа. Ако нештата во вашиот живот ви се монотони, промете ги. Полесно е отколку што мислите, потребно е само да се осмелите да пробате.




Коментари

[fbcomments]