Категории

Животот е премногу краток за да се будите тажни

„Кога мислиш дека животот ти го завртил грбот, погледни на него од друг агол.“

На некого ти му значи се. Твојата насмевка може да ги усреќи дури и оние на кои не им се допаѓаш. Секоја ноќ некој мисли на тебе, пред да заспие.
Често причината поради која некој те мрази е таа што тој едноставно сака да биде како тебе.
На светот постојат минимум две личности за кои си спремен да го дадеш својот живот.
Постојат најмалку 13 личности кои те сакаат на свој посебен начин.
Сакај ги луѓето кои се однесуваат добро спрема тебе, а заборави ги оние кои не го прават тоа, и верувај дека се се случува со причина.
Дури и кога ќе ја направиш најголемата грешка во твојот живот, со неа, исто така доаѓа и нешто убаво. Запамти, се што се случува во твојот живот, се случува за твое добро, верувај во тоа!
Кога мислиш дека животот ти го завртил грбот, погледни на него од друг агол.
Секогаш имај на ум: кога животот ќе ти пружи прилика – зграби ја! Ако оваа прилика ќе го промени целиот твој живот, дозволи и да го направи тоа.
Никој не рекол дека ќе биде лесно, само вети дека навистина ќе вреди.
Никој од нас не може да биде инспириран секој ден, сите ние се исцрпуваме. Сите паѓаме во очај, се заморуваме, факт е дека ако сте уморни, тоа вооошто не значи дека стагнирате.
Кога сте уморни, само чекорете пополека, мирно и без брзање, но не застанувајте.

Прегледи:
501
Објавено на:
10.12.2019