Животот на мајка со две деца: Штом ја спуштам почнува да вришти! Кога да направам ручек и да исчистам?

Блогерката Петра Нинчевиќ на Фејсбук споделила статус на кој до детали опишала како и почнува и како и завршува денот со децата. Нејзиниот потег воодушевил многу мајки, кои во коментарите ги споделиле искуствата.

Ме прашувате како ми е од кога работам. Не знам од каде да почнам. Советите од типот „сѐ е до организацијата“ може да му ставите некому позади од каде што излегле. Некој сега да ми каже да организирам настан за 100 луѓе, ќе го направам тоа веднаш. Дома не сум во состојба да ја избришам прашината на полиците по една недела.

1. Се будам во 6.

2. Ги подготвуваме ранците на децата за во градинка, ги пресоблекуваме, ги облекуваме и се молиме никој од нив да не изврши голема или мала нужда.

3. Маж ми најчесто ги вози бидејќи работното време му почнува од 9, а мене од 8.

4. Во 16 часот излегувам од работа, ја земам Лота и одам по Лукас и потоа дома.

5. Лота е тооолку кенкава откако ќе ја земам од градинка што додека заспие 4 часа ми поминува во раце. Кога ќе ја спуштам почнува да вришти, ако се тргнам еден чекор повторно вриска. Да зготвам нешто во таа фаза е невозможно. Лукас го фаќа хистерија и збеснува, што значи атмосферата е навистина ужасна.

6. Маж ми доаѓа од работа околу 19:30, прегладнет, веднаш почнува кавгата бидејќи му ги предавам децата, тој сака да јаде на мира, а јас само сакам да одам под туш.

7. Во 20.30-21 одат на спиење и тука почнува хаосот. Велат дека жените чистат, готват и ги завршуваат обврските додека децата спијат. Мојата Лота се буди околу 5-10 пати во текот на ноќта и јас сум едноставно преморена. Секој пат ја успивам, бидејќи не заспива сама.

Кога би нашла време за готвење, не знам. Да исчистам? За викенд. Минатиот викенд подготвив болоњезе. Од замор сум заборавила да замрзнам дел за да имам за следната недела.

Изминатите 3 недели децата имаа вироза и запаление на уво. Првата недела мојата мајка зема боледување, втората и третата недела ангажиравме дадилка.

Секоја чест на сите кои можат, јас еве не можам. Бараме некоја госпоѓа да ни помогне, макар во одржувањето на станот. Единственото позитивно нешто е тоа што фризерката одлично ми ја погоди бојата. Немав време да се шишам ни да се исфенирам, само се исфарбав.

Но, надежта умира последна. Се тешам дека децата поминуваат низ фази. И кога ќе дојде пролет сѐ ќе биде полесно.

Морав да се испразнам. Знам дека ве има многу како мене!

По оваа исповед на една мајка, се поставува прашањето: Како нашите мајки успеале да нѐ одгледаат и да извршуваат безброј домашни обврски, а притоа и да работат? Дали сме одгледани од суперхерои или пак проблемот е во новите генерации?




Коментари

коментари