Категории

Животот почнува тогаш кога ќе престанете да климате со главата на туѓите наредби

Не смеете да го ставате клучот на вашата среќа во џебот на другите.

Каде е границата кога престануваме да бидеме свои и што всушност се случува тогаш?
Свои сте тогаш кога вашиот став не морате да го прилагодувате на другите затоа што сте уверени дека тие знаат подобро. Мислењата на другите престануваат да ве допираат и не ви се веќе од никаква важност.
Свои сте кога ќе сфатите дека никој нема да ви ракоплеска на вашите соништа туку сами морате да ги чувате и одржувате во себе како најголема светост. Вистинскиот живот почнува тогаш кога сето она што ви го зборуваат другите почнувате да го земате со резерва, било да ве фалат или да ве кудат.

Чудата почнуваат да се случуваат тогаш кога ќе го сфатите сето тоа. Вистинскиот живот почнува тогаш кога ќе престанете да собирате луше околу себе и да им го докажувате својот статус, образование, религија, интелигенција и сето останато. Но со тоа си го храните само вашето его а на другите им одите на нерви, ништо повеќе. Нахранетото его ќе ја поремети рамнотежата на вашиот дуг затоа што со тек на време ќе бара уште и уште.

А тогаш само ќе сакате да им угодувате на луѓето уште повеќе, само за да ве следат, само за да ви ракоплескаат, само за да ве одобруваат за се што ќе направите. Доколку тоа не ви оди лесно ќе бидете спремни дури и да се понижите, да ползите и да клечите пред другите и сето тоа само за да добиете трошка нивно одобрување.

Вистинскиот живот почнува тогаш кога не морате да им кимате со главата на другите како што тие бараат од вас. Но, кога ќе стигнете до тоа сознание ќе се прашате зошто ви требало толку време за да ја донесете таа одлука. Не смеете да го ставате клучот на вашата среќа во џебот на другите. Не морате да ги добиете сите битки против нив, убавината на животот е во тоа да сфатите дека можете да живеете мирно и без нивното одобрување и бодрење. Бидете свои и ништо повеќе, тоа е доволно.

Прегледи:
509
Објавено на:
27.01.2020