Категории

Животот те сака онолку колку што ти го сакаш него

Каков и да е твојот живот во овој момент, признај го, прослави го и живеј го. Немој да го нарекуваш со погрдни имиња. Не е толку лош колку што мислиш дека е.
Изгледа посиромашен кога ти си побогат. Оној кој постојано бара маани, ќе пронајде дури и во рајот.

Сакај го својот живот, и колку да не е совршен, и колку нешта да ти недостасуваат.
Немој да заборавиш дека можеш да пронајдеш драгоцени мигови исполнети со исконска среќа дури и во намрачните места, оние најнеубавите.

Сонцето сјае исто во секоја куќа, без оглед на тоа како таа изгледа.
Снегот се топи на ист начин пред прагот.
Мирниот и задоволен ум може да живее радосни мигови и во рушевина и во палата.
Не е до местото, туку до состојбата на умот.