Категории

Жизел Бундхен заедно со Vogue во борба за заштита на животните

Популарниот бразилски модел позираше за насловната на престижниот магазин облечена во вештачко крзно поттикнувајќи ја свеста за заштита на животните.

Париското издание на “модната библија” овој август ќе го краси бразилската убавица Жизел Бундхен која донесува ‘студен бран’ од Сибирот облечена во вештачко крзно.

Моделот кој неодамна згазна во својата 37-ма година, изгледа подобро од никогаш а нејзиниот светски престиж како и секогаш го искористи за да ја подигне јавната свест природното крзно да биде заменето со вештачко и со тоа силно ја поддржа кампањата за заштита на животните.

Парчињата од вештачко крзно кои таа ги носеше за снимањето на мини едиторијалот беа потпишани од бројни реномиранини модни куќи како Dolce&Gabbana, Saint Laurent, Michael Kors и Prada.

Прегледи:
415
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
11.07.2017