Категории

Зидан: Роналдо ја прави разликата, сите од него очекуваат голови

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по триумфот против Рома (2:0) рече дека за него најважен е тимот, но дека секогаш ќе има некој што ја прави разликата, како што тоа беше Роналдо во Рим.

– Среќен сум затоа што постигна гол. Од него сите тоа го очекуваат. Му честитам на целиот тим за вложениот труд, особено во второто полувреме, изјави Французинот.

Роналдо во вторникот ја напушти прес-конференција која се однесуваше на синоќешниот меч, поради прашањето за неговата неефикасност на гостински терен во последниот период. Сепак со неговиот 89 гол во Лигата на шампионите покажа дека неговата форма не е во криза.

Прегледи:
473
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
18.02.2016