Категории

Зимско овошје број 1: Еве што ќе направи за вас едно киви на ден!

Една чаша киви содржи дури 273% од дневната препорачана доза на витамин Ц

Кивито е мало овошје со деликатен киселкаст вкус, полно со витамини Ц, К и Е, но исто така и со фолат и калиум. Тоа е полно со антиоксиданти и одличен извор на растителни влакна.

Еве седум главни причини зошто е добра идеја да јадете барем по едно киви секој ден.

 

  1. Помага во лекување на астма

Се верува дека високите количини на витамин Ц и антиоксидантите во кивите можат да им помогнат на луѓето кои страдаат од астма. Студијата спроведена во 2000 година, покажа позитивен ефект врз функцијата на белите дробови кај луѓето кои јаделе киви секој ден.

 

  1. Подобро варење

Кивито содржи многу влакна, што само по себе е одлично за варење на храната. Исто така, содржи ензим наречен актинидаин, кој помага во разградување на протеините, што и научните студии го потврдија.

 

  1. Посилен имунитет

Кивите се полни со важни хранливи материи и се вистинска ризница на витамин Ц – една чаша киви содржи дури 273% од дневниот препорачан внес на овој важен витамин, кој игра клучна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Една студија покажа дека консумирањето на киви на дневна основа го намалува ризикот од настинки и грип, особено кај деца и возрасни постари од 65 години.

 

  1. Го намалува ризикот од разни болести

Оксидативниот стрес може да биде причина за оштетување на ДНК, што неизбежно води до разни здравствени проблеми. Во голема мерка благодарение на антиоксидансите што ги содржи, научниците веруваат дека конзумирањето киви може да го намали нивото или ризикот од оксидативен стрес. Бидејќи оксидативното оштетување на ДНК е поврзано со карциномот на дебелото црево, консумирањето киви помага да се намали ризикот од оваа опасна болест.

  1. Помага при регулирање на крвниот притисок

Една студија од 2014 година открила дека биоактивните супстанции во три киви го намалуваат крвниот притисок подобро од едно јаболко на ден. На долг рок, редовното консумирање на киви може да спречи болести поврзани со високиот крвен притисок како што се мозочен удар или срцев удар.

 

  1. Го намалува ризикот од згрутчување на крвта

Заедно со регулирање на крвниот притисок, кивито помага да се намали и ризикот од згрутчување на крвта. Студијата спроведена на Универзитетот во Осло покажа дека конзумирањето на две киви на ден значително го намалува ризикот од тромб, но исто така ја намалува и количината на маснотии во крвта. Научниците велат дека овој ефект е многу сличен на ефектот кој го дава дневна доза на аспирин.

 

  1. Го спречува влошувањето на видот

Макуларната дегенерацијата е водечка причина за губење на видот, а кивито може да помогне многу. Една студија открила дека три киви дневно го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација за дури 36 проценти. Се верува дека тоа е благодарение на соединенијата зеаксантин и лутеин кои ги содржи кивито.

 

Прегледи:
1206
Објавено на:
04.03.2020