Категории

Нешто поинакво: Зимско топло чоколадо со Калуа

Уште еден од низата на зимски пијалоци кои мора да ги пробате. Дајте му шмек на омиленото топло чоколадо додавајќи kahlúa.

Потребни состојки:
* 2 чаши млеко
* 2 лажици шеќер
* 1 или половина лажица какао во прав
* цимет (по желба)
* калуа (по желба)
* многу малку морско оревче
* манчмалоу, карамела и чоколаден прелив (за декорација)

Начин на подготовка:
Во сад ставете ги млекото, шеќерот, како и правот од какао, циметот и морското оревче на средна температура некаде до 2-3 минути. Откако ќе го извадите ставете калуа по желба. За декорација можете да користите мини манчмелоу, карамела или чоколаден прелив. Приредете си едно ново искуство со нов вкус кој ќе ви биде омилен оваа зима.

Прегледи:
774
Објавено на:
03.01.2016