Златен медал на Светското првенство во хип хоп за танчарите со Даунов синдром од Македонија

Танчарите со Даунов синдром од Dancers United МK го освоија првото место во категоријата пара денс групи на Светското првенство кое се одржува во Киелце, Полска. Тимот го сочинуваат Ана Беќароска, Моника Бисовска, Ена Митревска, Александар Матовски, Оливер Блажевски, Христијан Стојанов и Дарко Ефтимовски.

Нивните тренери и ментори Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска велат дека Ана, Моника, Ена, Александар, Оливер, Христијан и Дарко се вистински амбасадори на нашата држава и дека уште еднаш докажаа дека кога ќе им се даде шанса можат и умеат да го направат невозможното – возможно.

Лани на Светското првенство во модерни танци што се оддржа во Копенхаген го освоија третото место.




Коментари

коментари