Златни совети од 105- годишниот славен доктор Шигеаки Хинохара

Познатиот доктор допринел многу во начинот на живот на жителите на Јапонија со својата мудрост и неговите корисни совети

Шигеаки Хинохара почина во 2017 година, на 105 годишна возраст, а во наследство на целиот свет му остави многу вредни знаења за тајната на долговечноста.
Хинохара помогнал во воспоставување на медицински сотави благодарение на кои Јапонците станаа една од најдолговечните народи на светот. Речиси пред смртта, Хинехара работел во болница и лечел пациенти а исто така и предавал на студенти на факултет.
Ова се неговите златни правила за постигнување на долг, здрав и квалитетен живот.

1.Енергијата доаѓа од тоа кога се чувствуваме добро, а не од здрава исхрана и многу спиење.
„Најдобро е да не го заморувате телото со премногу правила.“

2.Чувајте се од дебелината
„За доручек пијте кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажица маслиново масло. Тоа е одлично за крвта и кожата. Јадете зеленчук и риба.“

3.Планирајте однапред

4.Не морате да отидете во пензија ако не сакате
„После 65 година почнав да волонтирам. Предавам и ги посетувам пациентите дури и по 18 часа на ден, и уживам во својата работа“

5.Делете го знаењето и вештините со другите
Хинохара секогаш стоел кога зборувал а предавањата му траеле дури и по 90 минути, имал обичај годишно да држи дури и до 150 предавања.

6.Немојте да верувате се што ќе ви каже докторот
„Доколку одговорот е негативен, зошто да се изложувате на беспотребен стрес и патње? Музиката има големо влијание врз здравјето, како и позитивните мисли, многу повеќе отколку што смета медицината.“

7.Секогаш користете скали и сами носете го багажот
„За да останете здрави и витални, заборавете на лифтот. Секогаш и секаде одете по скали и трудете се да го носите багажот со себе.“

8.Учете нешто ново секој ден, пронаоѓајте инспирација
„Читајте, пронаоѓајте новости во книжевните дела и писателите кои ве инспирираат. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, шетајте во природа..“

9.Болката е мистериозна
„Кога детето ќе се удри, ќе плаче се додека вниманието не му го одземе нешто друго. Тогаш ќе заборави на болката. Така треба да прават и возрасните луѓе.“

10.Не натрупувајте материјални нешта
„Не го трошете својот живот во натрупување на материјалното, затоа што и онака нема да го понесете со себе кога ќе умрете.“




Коментари

[fbcomments]