Знаете ли која е бојата на вашата аура и што кажува за вашата личност?

Сигурно многу пати сте слушнале за поимот “аура“, сте се запрашале како да ја видите и што кажуваат боите на аурата за вас како личност. Сите живи суштества кои користат кислород за да преживеат поседуваат аура. Аурата создава големо поле на магнетна енергија кое може да се почувствува, па дури и да се види околу физичкото тело.

Постојат повеќе начини да ја видите сопствената аура, а ова е еден од нив:

Потребна ви е бела хартија или бел ѕид и соба со природна светлина. Ставете ја раката на хартијата или белиот ѕид, раширете ги прстите како да сакате да ги нацртате со молив и гледајте помеѓу прстите во белата позадина. Кога раката ќе ви излезе од фокус ќе приметите сјај околу вашите прсти во одредена боја. Тоа е првиот слој од вашата аура!

Еве што боите кажуваат за вашата аура:

Црвена аура:
Луѓето со црвена аура се ентузијасти, енергични поединци кои секогаш бараат нови авантури.
Луѓето со црвена аура се темпераментни и брзо можат да се налутат. Сепак, тие се великодушни со своето време и својата енергија и сакаат да им помагаат на другите. Обично се физички и психички силни па честопати се занимаваат со спорт. Луѓето со доминантна црвена аура брзо губат интерес и оставаат многу незавршени работи зад нив. Тие се директни и искрени и не се плашат да кажат што мислат.

Жолта аура:
Луѓето со жолта аура размислуваат аналитички и логично и се многу интелигентни. Обично се одлични пронаоѓачи и научници. Често имаат потреба да прават повеќе отколку што е потребно. Луѓето со жолта аура се интровертни, склони се кон проблеми со ментално здравје, а можат да станат и депресивни. Лесно ги читаат другите луѓе и внимателно ги бираат пријателите. Често рационалното им е поважно од емотивното кога се соочуваат со тешки одлуки. Тие размислуваат на необичен и неконвенционален начин и не се плашат да експериментираат со нови идеи и концепти.

Розова аура:
Луѓето со розова аура се полни со љубов. Великодушни се, се грижат за своето здравје и внимаваат со нивната исхрана. Луѓето со розова аура се многу романтични и лојални.
Подложни се на потребите на другите луѓе и имаат силни психолошки способности. Љубители се на креативни идеи и имагинација. Не поднесуваат неправдата, сиромаштија и конфликти.
Имаат силна волја и дисциплина. Поседуваат морални принципи кон кои строго се придржуваат.

Зелена аура:
Луѓето со зелена аура се многу креативни и вредни. Се стремат кон совршенство во својата работа, решителни се и не им дозволуваат на нереалните соништа и идеи да им влијаат на одлуките.
Нивната креативност се рефлектира во практични работи, како што се сготвење, уредување на домот и сл. Луѓето со зелена аура обично се многу популарни и почитувани. Тоа се успешни деловни луѓе кои се способни да заработат многу пари. Луѓето со зелената аура ја сакаат безбедноста, стабилноста и рамнотежата во нивните животи.

Портокалова аура:
Луѓето со портокалова аура се социјални и великодушни. Сакаат да бидат дел од големи друштва и не им пречи да бидат во центарот на вниманието. Добри се, љубезни и искрени. Можат да ги почувствуваат емоциите на другите луѓе. Сепак, понекогаш имаат тежок карактер, но лесно простуваат и забораваат, не се одмаздољубиви. Луѓето со портокалова аура се самоуверени, шармантни и успешни. Можат да бидат нетрпеливи и несмасни, сакаат веднаш да дејствуваат, а после да се соочуваат со последиците.

Виолетова аура:
Луѓето со виолетова аура се многу поврзани со психологијата, емоциите и расположенијата на другите луѓе. Тие се обично мистериозни личности. Поседуваат филозофски, љубопитен и интуитивен ум. Сакаат да учат и никогаш не престануваат да истражуваат нови теми и области кои ги интересираат. Немаат голем круг на пријатели, но се многу ценети и сакани. Најчесто немаат среќа во љубовта, но ако некогаш ја пронајдат сродната душа верни им се цел живот.
Тесно се поврзани со природата и животните.

Сина аура:
Сината аура е многу ретка, а ги претставува силните личности. Елоквентно  ги пренесуваат своите мисли, идеи и разбирања. Одлични се писатели и политичари. Луѓето со сини аури се, исто така, многу интелигентни и интуитивни. Нивниот ум и срцето се избалансирани кога станува збор за донесување на тешки одлуки. Тие се одлични организатори, инструктори и мотиватори.
Луѓето со доминантна сина аура се миротворци кои на мирен начин ги решаваат сите проблематични ситуации. Ја ценат чесноста, директноста и искреноста во односите со другите луѓе. Нивната најголема маана е што превземаат премногу работи на сопствена одговорност поради што премногу работат, игнорирајќи ги луѓето околу нив.

Златна аура:
Луѓето со златна аура сакаат убавина, уметност и природа. Тие исто така уживаат во забавувањето на другите луѓе. Едноставно обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Многу се атрактивни и привлекуваат внимание. Имаат многу пријатели, шармантни се и харизматични. Луѓето со златна аура мразат кога ги критикуваат и не сакаат да ги покажуваат своите недостатоци. Сакаат да живеат во луксуз, да ги фасцинираат луѓето и да ги подаруваат даруваат, дури и кога буџетот не им го дозволува тоа.

Бела аура / сребрена аура:
Луѓето со сребрена аура се многу надарени. Меѓутоа, во животот треба да научат како да ги користат своите подароци. Чувствителни се и интуитивни. Духовното разбирање го користат на практичен начин. Луѓето со сребрена аура се многу флексибилни и прилагодливи, а можат да ги искористат предностите на речиси секоја можност во животот. Нивниот интелект им овозможува брзо да ги донесат правилните одлуки. Атрактивни се и имаат многу обожуватели, но блиските пријатели ги бираат внимателно. Луѓето со сребрени аури имаат многу среќа и успех во нивните животи.

Кафеава аура:
Светло-кафеавата боја укажува на конфузија или обесхрабрување, а можеби и на недостаток на самопочит. Темно-кафеавата боја укажува на себичност и тенденција да се измамува.

Црна аура:
Укажува на омраза, негативност, болест или депресија. Оваа боја е секогаш лош знак.




Коментари

[fbcomments]