Знаете ли што е ефектот на Барнум или зошто астролозите толку лесно нè “читаат”?

Одговорот на ова прашање лежи во нешто што психолозите го нарекуваат ефектот на Барнум.

Овој феномен може да се дефинира како тенденција на луѓето да се идентификуваат со некои утврдени тврдења, кои можат да бидат точни за голем број луѓе, но луѓето се убедени дека ова се однесува исклучиво за нив лично. Овој феномен е докажан преку истражување во кое се тестирани студенти на кои им е даден тест на личноста. Потоа, на секој од студентите, без оглед на нивниот одговор, им се дадени исти, општи информации. Над 80% од студентите ги оцениле повратните информации како точни, односно повратните информации во кои е опишана нивната личност е оценета како точна.

Овој “општ” фидбек може да се опише со помош на следниот пример: “Важно ви е да им се допаднете на другите луѓе, но сепак знаете како да бидете самокритични. Ако сакате нешто упорни сте во обидот да го постигнете тоа…”. Се работи за општи карактеристики во кои многу луѓе можат да се препознаат.Покрај овие општи тврдења се додава и малку ласкање, што се чини како добитна комбинација која води кон ентузијазам, затоа луѓето лесно ги прифаќаат сите овие описи и тврдења како лични и точни. Ваков вид на манипулација често се користи во астрологија, дивинација итн.

Фактот што постои ефектот на Барнум, како феномен, ги доведе психолозите да се запрашаат зошто воопшто постојат овие заеднички тврдења на кои луѓето толку лесно им веруваат и ги прифаќаат, иако истите се општи тврдења кои се однесуваат на (веројатно) сите луѓе. Луѓето се склони да не бидат целосно објективни, кога станува збор за само-перцепирање. Во одредена мера се гледаат како личност која би сакале да бидат. Исто така, луѓето се склони селективно да ги примаат / избираат, интерпретираат и меморираат информациите, за да задржат одредена слика за себе.

Замислете личност која е убедена дека е многу забавна и интелигентна. Кога таа личност би добила повратна информација во само еден збор, на пример, дека е чудна, таа најверојатно би го протолкувала ова како знак на нејзината специјалност и луцидност, а не како нешто што е негативно.

Луѓето се во постојана потрага по смислата и во голема мера се нетолерантни на несигурност, затоа често, за да ги разберат другите луѓе или воопшто животните околности, ќе ги прифатат непроверените информации кои би можеле да ги “исполннат” празнините во нивното разбирање. Ова се само некои од причините зошто постои овој интересен феномен.




Коментари

коментари