Категории

Знаете ли што се крие во вашите мозолчиња?

Виралните видеа кои прикажуваат стискање на мозолчиња не се пријатни за гледање. Но, сепак илјадници луѓе не можат да престанат да ги гледаат поради некоја причина. Добиваме чувство како да се прочистуваме кога гледаме колку нечистотија излегува од нив.

Без разлика во која група спаѓаме, заинтересирани сме што се крие во мозолчињата кои сите ги имаме во некој период од животот. За да се открие составот, најпрво е важно да се открие за каков тип на мозолче станува збор.

Таканаречените “црнки” се создаваат од мртвите клетки, бактерија која живее во кожата и масна суспстанца која се лачи од малите жлезди во порите. Многу луѓе мислат дека “црнките” се создаваат од нечистотија, но тоа не е вистина. Разликата во бојата помеѓу белите и црните мозолчиња всушност има врска со кислородот. Во белите мозолчиња, преградата останува под површината на кожата и останува бела. Но, во црните, преградата е отворена и доаѓа во контакт со воздухот. Кога се изложени на кислород, добиваат кафеаво-црвена боја. 

Понекогаш, запушените пори се иритираат толку многу што ѕидовите се распаѓаат, а телото ги испраќа белите крвни клетки – борците на имунолошкиот систем да почнат да се справуваат со штетата. Ова предизвикува црвенило, болка и воспаление. Тогаш може да завршите со мозолчиња наречени папули или пустули. Папулите се затворени црвени испакнатини кои се тешки, а понекогаш и болни на допир. Пустулите се црвени и воспалени со бела глава во центарот. Тоа што излегува од нив е гној, кој содржи мртви бели крвни клетки.

Цистите и нодулите се најтешкиот вид на акни – во суштина се само поголеми, оставаат лузни, иритирани верзии на папули и пустули. Овие видови на мозолчиња се воспалени, болни и се создаваат длабоко во кожата, а цистите содржат и гној.

Прегледи:
1081
Објавено на:
10.08.2017