Чек дис аут
Search


Знаете ли зошто хирурзите во текот на операцијата носат само сини или зелени униформи?

Дали сте се запрашале некогаш зошто хирурзите носат исклучиво сини или зелени униформи, но никогаш бели? Постои адекватна призина за тоа, а всушност причината може да го одреди успехот на една операција.

Некогаш одамна, целиот медицински персонал носеле бели униформи. Тоа важело сѐ до 1914 година, кога еден од најзначајните светски доктори во тоа време одлучил во текот на операцијата да носи зелена униформа.

Имено, проблемот е тоа што големата количина на бела боја може да предизвика „слепило“ кај хирурзите кое трае неколку моменти, особено кога долго гледаат во темно црвената боја на крвта или мускулите. И секој од нас го има доживеано тој ефект кога на пример, ќе излезете од тунел на светло или во зима, кога излегувате на снег.

Но, зошто е хируршката облека зелена и сина? Зошто не е виолетова или жолта? Тоа е така поради тоа што сината и зелената боја се на спротивната страна од спектарот на црвената, а хирурзите во текот на операцијата најчесто гледаат токму во таа боја, црвената.

Поради тоа што униформите се во сина и зелена боја, нивните очи се одмараат. На тој начин, се зголемува вниманието на човечките детали во анатомијата, а тоа значајно ја намалува можноста да се погреши во текот на операцијата.




Коментари

коментари