Категории

ЗНАЦИ ДЕКА СО ВАС ГО ИМА НАЈДОБРИОТ СЕКС ВО ЖИВОТОТ

Не сте сигурни дали ужива во сексот со вас? Се прашувате дали нешто треба да смените или пак целосно да престанете? Ви преставуваме неколку знаци кои со сигурност тврдат дека со вас го има најдобриот секс во неговиот живот.


Доживува повеќе оргазми едно по друго

Не ви треба подобар знак од ова. Доколку забележите дека не се уморува и е спремен за уште и уште и уште тоа значи дека сексот е совршем.

Заспива веднаш по секс

Верувале или не, ова е комплимент. Тој е преморен, среќен и спокојно може да заспие и да се релаксира знаејќи дека сте завршиле одлична работа.

Доаѓа веднаш штом му се јавите

И да врне и да вее, тој остава сè што прави и доаѓа кај вас доколу се јавите. Не е важно дали има снег до колена или пак е плус 50 степени, тој ќе го ризикува животот за вас.

2

Ви го кажува тоа

Мажите, за разлика од нас жените кои кажуваме работи кои не ги мислиме, или пак се со сосема друго значење, не го прават тоа. Значи, сè што ќе ви кажат е вистина и не треба да се преоптоварувате дали тоа имало некакво скриено значење. Па така, доколку ви каже дека сексот со вас е одличен, тогаш не му ја мислете!

Задоволен е и насмеан по секс

Многу е тешко да изглумите насмевка и задоволство по секс. Доколку забележите дека е насмеан, значи дека го имал најдобриот секс во животот.

3

Никогаш не ја прескокнува предиграта

Ова е затоа што сака да ужива во секоја секунда помината со вас, а воедно сака и вие да уживате. Можеби доколку одите побавно ќе научите нешто ново еден за друг.

Сте го научиле нови работи

Доколку пред вас бил неискусен и срамежлив, сега сигурно е полн со самодоверба и едвај чека да ви покаже колку знае. Сте го научиле нови пози, за кои треба да се ситегне пред да почне? Верувајте дека сте создале секс чудовише!

Прегледи:
279
Објавено на:
10.07.2016