Категории

Знаци дека вашиот партнер не е вистинскиот за вас

Првите недели и месеци од врската се наречени „меден месец“ а тоа е така бидејќи во тој период се изгледа совршено, среќно и позитивно, се додека не измине одреден период и сфаќате дека магијата полека почнува да ја снемува и влегувате во фаза кога реалноста испливува на виделина и се појавуваат вистинските карактеристики и особини и почнувате да се запрашувате дали тоа е вистинската личност за вас. Ви откриваме кои нешта во врската претставуваат знак дека таа личност не е за вас и вашата врска е осудена на пропаст, но подобро да се спречи отколку да се лечи вели добрата стара поговорка.

-Не можете да се потпрете на нив
„Во почетокот на секоја врска учиме дали можеме да се потприме на личноста која е со нас, учиме за нивниот карактер и преку начинот на кој таа се однесува со нас проценуваме дали тоа е личност покрај која сакаме да го поминеме животот.“- вели докторот Томсон, вработен во институтот за љубовно советување.  „Малите нешта откриваат колку личноста навистина е доверлива. Доколку даваат ветување кое не го исполнуваат, доколку избегнуваат да ви помогнат во нешто кое е во досег на нивната моќ, или ако не се јавуваат секогаш кога ќе ви речат дека ќе ви се јават, е знак за личност која не е од доверба.“

-Тие мислат само на себе
Секоја врска на почетокот може да биде чудна, со трауми и искуства кои се влечат од претходните врски и личностите кои претходно биле во вашиот или животот на партнерот. „Ако личноста со која сте заедно постојано зборува само за себе без да ве праша како сте вие и како се чувствувате, дали имате некои проблеми тогаш тоа е знак дека таа личност има повеќе потреба да зема отколку да вложува во врската“

-Тие не се отвораат и се многу таинствени
„Во почетокот е нормално некој да не сака да споделува многу нешта за себе, не секој ја има самодовербата да си ја отвори душата пред некој кој едвај го познава. Но доколку и после неколку години врска вие сеуште не знаете многу работи за личноста со која сте заедно, тогаш треба да се запрашате каква иднина ви претстои со личност која е емоционално недостапна и не се обидува да ве внесе во својот „приватен свет““.

-Тие се екстремно негативни и агресивни
Дури и најмалите знаци на агресивно однесување кои не мора да бидат насочени конкретно кон вам, туку и кон други луѓе или ситуации, се предзнак за токсична личност. На почетокот на врската е нормално да постои смиреност помеѓу партнерите, но доколку во понатамошниот период личноста покажува агресивност и за најмали ситници, бидете сигурни дека тоа еден ден ќе преиде во нешто многу по сериозно.

Прегледи:
402
Објавено на:
03.09.2019