Категории

Знаци кои докажуваат дека губите време со погрешна личност

Без оглед на тоа дали сте во долга или кратка врска, доколку сте се нашле пред ѕидот позади кој не гледате понатау и себеси често си го поставувате прашањето „дали го губам своето драгоцено време со погрешна личност?“, редовите кои следат можеби ќе ви помогнат да го откриете тоа.

Голем број луѓе се наоѓаат во врска која не води кон среќен крај. Потребно е  многу храброст и самодоверба за пред се да си признаеме на себеси дека ја трошиме својата љубов беспотребно на некој кој не ни е вреден. Најлоша во една современа врска е – навиката. Навикнати сме на незадоволство во врската и прифаќање на состојбата која не не исполнува, она што всушност не заплеткува и оневозможува да бидеме среќни.

Љубовта понекогаш не ни дозволува да ја видиме комплетната слика. Понекогаш личноста со која сме во врска не умее на вистински начин да ги искажи своите чувства и да ни го поклони потребното внимание и нежност. Од друга страна, тоа внимание ако е дадено на груб начин, премногу заштитнички или себично, не е она кое би требало да го сфаќате под поимот љубов.

Вистина е дека сите не сакаме на ист начин. Но за љубовта да би била присутна пред се мора да постои разбирање, после кое следи препуштање и отварање.
Ако некој не  еподготвен во потполност да ве пушти во својот живот, да ви ги открие своите стравови и тајни, да ви укажи доверба на која сте достојни, тогаш веројатно е дека тој не е вистинска личност за вас.

Една од најчестите ситуации во кои се гледа дека личноста е несреќна во врската а и самата не го сфаќа тоа е неможноста да биде она што е, без страв од реакцијата на партнерот. Доколку сте доживеале некоја блиска личност да ви сугерира дека сте се промениле и повеќе не делувате природно, знајте дека вие сте проблемот.

Ако сте забележале дека кај вас често се појавуваат меланхолични, тажни и депресивни чувства кои партнерот на некој начин не ги забележува или не се ни обидува да сфати дека тоа е показател на незадоволство во врската, тогаш знаете дека се работи за врска која не е добра за вас.

Уште еден показател за лошата врска е емоционалната исцрпеност. Среќната перспектива на врсакта би требало да ни дава крилја, да не пренесува преку океанот а не да не закопува што подлабоко. Најјасниот фактор кој ќе ве разбуди од сенката на лошата врска е отсуството на планови за заедничка иднина. Ако никогаш не зборувате за истите со вашиот партнер или сте забележале дека ве нема во истите кога тој ги раскажува, заминете додека не биде премногу доцна. За нова врска никогашне е доцна, лошо е само да изгубите премногу време во една нефункционална.