Категории

Знаци кои покажуват дека вие сте родени еден за друг

Овие знаци докажуваат дека сте пронашле љубов за цел живот.

Кога ќе се заљубите, се соочувате со анксиозност – прекрасно е, возбудливо и застрашувачко.
Не знаете во што се впуштате и се плашите дека повторно сте погрешиле поклонувајќи го своето срце на некој аличност на која тој поклон воопшто не и е потребен. Стравувате дека нештата ќе се одиграат поинаку од тоа кое го посакувате и мислите, дека ќе се разочарате и повторно ќе морате да самувате и тагувате. Но, кога ќе се случи она вистинско спојување, ќе се појават зелени светла кои докажуваат дека вашите стравови не се оправдани и дека вашата врска оди во добра насока.

1.Вашата поврзаност е поинаква од вообичаената
Можеби сте „кликнале“ веднаш,а можеби и ви било потребно повеќе време. Но во тој однос се чувствувате потполно слободни – безбедно е за вас да бидете она што сте. Можете да разговарате за се, да си се доверувате и да не се срамите поради ништо од кое обично секогаш сте се срамеле. Можете дури и да разговарате со часови и денови и повторно да имате теми за разговор. Дури и ако само што сте се запознале, имате чувство дека се знаете отсекогаш.

2.Се чувствувате сосема пријатно
Постојат два вида на односи кои ги имате со другите луѓе – со едните сакате да поминувате време, но не можете потполно да се опуштите, или пак, постојано морате да бидете на штрек. И оние другите, со личности покрај кои се чувствувате пријатно. Нема потреба да се „пополнува“ тишината затоа што ви е пријатно дури и кога молчите. И се случува да не проговорите наглас а да ги изговарате истите реченици. Се чувствувате подеднакво пријатно кога сте во опуштена домашна атмосфера, и кога сте дотерани и некаде на забава.

3.Чувствувате дека припаѓате
После кратко време чувствувате дека таа личност е дел од вашето семејство. Немате никаква недоумица дали да го запознаете неговото семејство, нити да ја запознаете со своето семејство, едноставно се совпаѓате заедно. Ги делите грижите, надежите, стравовите, плановите, радостите, возбудата, чувствувате блискост, припадност, тука сте еден за друг во секоја ситуација. Сметате на таа личност и знаете дека нема да ве изневери во ниедна криза.

4.Разговарате за иднината
Таа личност ве инспирира да се развивате и да одите напред. Да разговарате за своите надежи и соништа, за она кое сакате да го постигнете во вашиот живот, имате слични вредности, ставови и цели. И навивате еден за друг дури и кога вашите планови се различни.

5.Го гледате најдоброто еден во друг
Гледате сила, добрина, великодушност, љубезност, верувате во капацитетите и потенцијалот на другиот и низ него, уште повеќе верувате на себеси. Вашите души се на иста фрекфенција.

6.Се гледате меѓусебно онакви какви што сте
Да се почувствува и доживее другата личност не е лесно – тоа не е само емпатија, туку и разбирање на нечии мотиви, погрешни избори, падови и губитоци. Знаете поради кои нешта другата личност би се налутила и би го изгубила трпението, како и што знаете дека ќе пронајде разбирање и прифаќање за нештата кои вам ви се потребни. Знаете дека ќе ви прости кога ќе погрешите како и вие неа. Ги гледате нејзините слабости и убедувања и тоа не го намалува вашето почитување, напротив, го зголемува.

7.Со неа животот изгледа вреден за живеење
Се има повеќе смисла од вообичаено. Се чувствувате дека не сте сами, затоа што покрај вас има некој кој има иста верба во добрината и љубовта и која го прави вашиот свет подобар и поубав.

Прегледи:
133
Објавено на:
30.08.2020