Категории

Знаци кои укажуваат дека е време за детоксикација

Детоксикацијата е потребна на секој организам, па поради тоа не станува збор дали треба да направиме детоксикација на телото туку кога.

 

Најдобар начин да дознаете кога е време за детокс е доколку го слушате своето тело, кога ќе почувствувате некој од следниве симптоми:

Имате потреба од шеќер – Храната која изобилува со шеќер и преработената храна влијае врз организмот така што нагло го дига и спушта шеќерот во крвта и лијае врз хормонот лептин (одговорен за глад) и создава потреба за внесување на што повеќе нездрава храна. По детоксот организмот ќе се опорави, хормоните се враќаат во нормала, и може да се започне со внесувањето на нутритивно богатите намирници.

Проблеми со варење – ова е еден од очигледните знаци дека на телото му треба детокс. Запек, дијареа, подуеност се знаците кои укажуваат дека не се храните на правилен начин и дека на цревата им е потребно ресетирање.

Имате сезонска алергија – доколку цревната микрофлора не е во рамнотежа тоа значи дека е наслабнат имунитетот. Бидејќи синусите претставуваат продолжение на системот за варење, логично е здравјето на органите за варење да влијае на сезонските алергии.

Кожата не ви е чиста – доколку во телото се насобрани премногу токсини, тоа може да влијае врз послабото работење на јетрата (која е главен орган за детоксикација во телото). Поради тоа што токсините се исфрлаат од телото и преку потта, сите тие токсини можат да се манифестираат на површината на кожата во облик на акни, осип и други воспаленија.

Се борите со килограмите – потребно е да сфатите дека најпрво треба да оздравите за да ги изгубите килограмите. Доколку постои нерамнотежа во цревата помеѓу добрите и лоши бактерии, односно кога преовладуваат лошите доаѓа до воспалителен процес и успорување на метаболизмот. Затоа е потребно најпрво да се излечат цревата.

Имате непријатна миризба на телото – сте слушнале за изразот “ти си тоа што јадеш”. Телото секогаш прави се што може да ги елиминира токсините, а интензивниот мирис е знак дека телото сака да се прочисти. Непријатниот мирис и здив се знаци дека во телото се наталожени токсини. Затоа наместо дезодоранс, пијте зелени сокови.

Имате проблем со спиењето – проблем со спиење предизвикува неправилната работа на хормонот лептин и надбубрежната жлезда. Сонот ќе се подобри кога ќе се решите од токсините и кога ќе ги елиминирате воспалените процеси во телото.

Прегледи:
388
Објавено на:
28.11.2017