ЗОО Скопје има решение и за зимскиот период: Нов еко мини бус за посетителите

Зоолошка градина Скопје го поднови својот возен парк со првото електрично еко возило.

Директорот на Зоолошка градина Скопје Ѓорги Галетановски и фирмата „Брегал Доо“ – Делчево склучија меморандум за донација и меѓусебна соработка. Овој електричен еко мини бус е одличен за прошетка во зимските денови.

Капацитетот на еко бусот е за 20 личности, а со едно електрично полнење ќе поминува 80 километри. Ова е одлично решение за зимските денови, бидејќи посетителите ќе може да уживаат во убавините кои ги нуди Зоолошка градина Скопје движејќи се со електрично еко возило.




Коментари

коментари