Зоолошка градина Скопје со голема акција за чистење на езерата

Во Зоолошка градина, започна вториот дел од операцијата „Чисти езера“. Од утринава, екипи на „Улици и патишта” и „Водовод и канализација”, заедно со вработените во Зоо Скопје интензивно работат на чистење на езерото кое не беше исчистено повеќе од 13 години.

“Замерките на скопјани беа за езерата и навистина се во право. Чекавме да се подобрат временските услови и веднаш реагиравме. Се надевам во скоро време ќе имаме чисти езера” – изјави директорот Галетановски.




Коментари

коментари