Зоолошка градина Скопје со уште една донација за Домот за деца без родители „11 Октомври“

Зоолошка градина Скопје постојано ја покажува грижата за децата преку хумани гестови, донации и настани кои секојдневно ги радуваат најмладите.

Овој пат, на дружбата со другарчињата од домот „11 Октомври“ ЗОО Скопје донираше прочистувачи на воздух за дечињата. Во овој период од годината, пролистувачите за воздух се од особено значење за здравјето на најмладите. Тие ветија и нови средби и заеднички прошетки во нашата Зоолошка градина во иднина.

„Ветивме дека нашата институција ќе помага на сите деца. Ние сакаме децата да растат здраво и да се едуцираат. Зоолошката градина ќе биде секогаш отворена за нив”- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Овој хуман гест заслужува да биде забележан и да послужи како пример за сите останати институции и луѓе кои сакаат да помогнат на оние на кои тоа им е најпотребно.




Коментари

[fbcomments]