Зоолошката градина во Скопје напролет ќе добие свој Џурасик парк

Зоолошката градина Скопје секојдневно позитивно ги изненадува граѓаните со нови проекти и настани. Овој пат, се подготвува еден светски проект кој е застапен во сите европски и светски метрополи. Станува збор за Џурасик парк кој ќе биде сместен во рамките на Зоолошката градина.

Директорот на ЗОО Скопје, Ѓорги Галетановски ја потврди оваа информација.

„Да, точно е. Веќе преговаравме со градоначалникот Петре Шилегов да го донесеме овој парк во Скопје. Во европските и светските метрополи овие паркови се најатрактивните за сите деца, а и возрасни. Тоа е парк каде што околу 50 диносауруси во природни големини испуштаат крици и се движат. Во преговори сме за 3Д проект. Заинтересирани се неколку фирми да учествуваат во овој голем проект и се надеваме дека напролет во Скопје ке има Џурасик парк“ – изјави Галетановски.




Коментари

коментари