Категории

Зошто би требало почесто да пишувате „Ти благодарам“ пораки

Истражувања покажуваат дека благодарноста е добра за вашето здравје, особено менталното здравје и расположение. Благодарноста може да подобри нечија среќа и благосостојба.

Истражувањето, изведено од Универзитет во Тексас, вклучувало луѓе кои требале да испратат писмо со благодарност до некоја важна личност во нивните животи. Пред да ги испратат писмата биле прашани како очекувале да реагираат примачите а потоа истражувачите тоа го споредиле со нивните вистински реакции по примањето на писмата. Тие дошле до констатација дека очекувањата биле помали од реалните реакции.

Пишувањето и испраќањето на писма или пораки со благодарност е едноставно и без трошоци а со позитиви придобивки. Истражувачите поттикнуваат почесто да го правиме ова со што би изнудиле насмевка и на нашето и на нечие друго лице и би се чувствувале посреќни.

Прегледи:
1973
Објавено на:
07.09.2018