Зошто бојата на косата се менува со текот на времето?

Сегашната боја на косата веројатно не ви е иста како бојата што сте ја имале пред две години. На многу луѓе косата природно им потемнува во текот на детството и адолесценцијата. Воопшто не е невообичаено косата на природно русите луѓе да им стане потемна или кафеава кога ќе пораснат. Зошто се случува ова? Зошто бојата на косата ни се менува со текот на времето?


Одговорот лежи во меланинот, односно во количината на меланинот што ја имаме или немаме. Меланин е термин за група пигменти кои се одговорни за контролирање на природната боја на кожата, очите и косата. Постојат два специфични видови меланини, кои заедно ја одредуваат природната боја на нашата коса – еумеланин и феомеланин. Еумеланин е одговорен за темната коса, што би значело дека луѓето кои имаат многу еумеланин имаат потемна нијанса на коса. Феомеланинот влијае на топлината на нашата коса, па луѓето со природно црвена коса имаат повеќе феомеланин. Вкупната количина на меланинот и односот помеѓу еумеланинот и феомеланинот се уникатни за секоја личност, а целосно се определени од нашите гени. Тоа е она што ни ја дава природната боја на косата.

Меѓутоа, тука работите стануваат интересни. Исто така, постојат неколку гени кои се вклучени во производството на меланинот кои можат да влијаат на самата боја на косата. Овие гени се вклучуваат и исклучуваат во различните фази од нашиот живот – токму затоа нашата коса може да ја смени бојата со текот на времето.

Обично косата станува потемна, бидејќи производството на емеланинот дополнително се зголемува со стареењето. Косата, патем, не е единственото нешто што природно ја менува својата боја кај луѓето. Имено, кај 10 до 15% од луѓето, со текот на времето се менува и бојата на очите.




Коментари

коментари