Категории

Зошто честиот пилинг на лицето влијае негативно на кожата?

Се водиме од теоријата „Што поголема грижа, толку подобро“, а таа всушност предизвикува спротивен ефект …

Се разбира дека пилингот на лицето е идеална нега на кожата со која обожаваме да го третираме нејзиното здравје и изглед, но ако претераме, последиците се активираат.

Најважно е да внимавате колку често применувате пилинг, за што стручно ни објаснува дерматологот.

„Кога премногу често правите пилинг на кожата, на неа создавате микроскопски рани“, открива таа и додава дека како резултат може да почувствувате чувство на печење на кожата.

„Кога е уништена деликатната бариера, влагата лесно испарува, додека иритантните честички влегуваат низ овие ситни рани. Затоа, состојките на некои производи почнуваат да создаваат чувство на печење и непријатност на кожата и предизвикуваат иритација“.

Ако сакате да ја избегнете оваа непријатна состојба, треба да правите подолги паузи помеѓу третманите. Кожата треба да “дише”, целосно да се опорави и да се прилагоди на ефектите на пилингот. Инаку создавате микозни ранички, што во никој случај не се добри.

Доволно е еднаш или двапати неделно да практикувате пилинг на лице. Исто така, препорачливо е да изберете полесни формули. По отстранувањето на нечистотијата и мртвите клетки, потхранувајте ја кожата со хидратантна крема и ќе забележите инстант промена.“

Прегледи:
613
Објавено на:
14.02.2020