Категории

Зошто децата секогаш имаат омилен родител?

Децата и тинејџерите можат да го фаворизираат едниот родител во различни животни периоди од различни причини. Кога станува збор за малите деца, „изборот“ на еден родител како фаворит е здрава и важна развојна фаза, а детето на овој начин „го бара“ лицето кое најмногу се грижи за него и го поддржува.

Кога детето влегува во пубертет, мислењето за „омилениот“ родител може да се смени и неколку пати.

Всушност, важно е секогаш да ги правите рабоите заедно, како семејство. Докажано е дека само 10 минути дневно заедничко поминување време придонесува за блискоста на семејството.

Не ги разделувајте одговорностите за домаќинството, така што едниот партнер секогаш ќе ги прави техничките работи, како поправање и сл, а другиот ќе се грижи за детето. Секој родител треба да настојува да развие посебен однос со детето.

Во секој случај, имајте на ум дека фаворизирањето на едниот родител е сосема нормално и не треба да реагирате со критики и гнев, туку напротив, со љубов и разбирање.