Зошто детството денес трае до 30-тата година?

Размислете за постарите генерации (луѓето родени пред 1979.) кога имале 25-30 години. Тие важеле за возрасни луѓе кои имаат по 3 работи, одгледуваат деца, а навечер разговарале за политички проблеми и класична музика.

А што се случува со денешните млади луѓе? Покрај својата интелигенција и финансиска независност и стабилност, до 30-35 година живеат во изнајмени станови или во куќите на своите родители и мислат: „Претпоставувам дека ова е тоа што го прават возрасните!“ И секако, тие не се сметаат за возрасни.

Се прашувате зошто е тоа така?

1. Нова фаза во развојот на човекот

Во минатото, луѓето до својата 17. година се сметале за деца, а кога ќе наполнеле 17 години започнувале нивните семејни обврски и станувале финансиски независни.

Теоретски, периодот од 20. до 30. години или дури и 35. (кои ги нарекуваме години на млади возрасни личности) може да имаат свои проблеми ако ја проучуваме емоционалната страна на овој период. Така што, доколку во 20. век сите се сложувале дека тинејџерите не се возрасни, можеби во 21. век, луѓето сметаат дека ни младите не се возрасни личности. На пример, минатата година научниците рекле дека тинејџерскиот живот треба да биде продолжен до 24. година.

2. Очекуваниот животен век се продолжи

На почетокот на 20. век просечното очекувано траење на животот било околу 40-50 години. Секако, ако очекувате да живеете само 45 години, чудно е да поминете 35 години барајќи се себеси. Во овој случај немате многу време за размислување. Мора да бидете брзи и тоа е клучот на успехот.

Денес, во многу развиени земји, просечното траење на животот е преку 80 години. Па зошто тогаш да не им дозволите на луѓето од 20. и 30. години да експериментираат на различни полиња од животот пред да најдат нешто што ќе ги смири во наредните 50 години?

И секако, нема секоја личност од денешницата да доживее 80. години. Животот е неверојатно нешто. Во секој момент може сѐ да се случи и никој не може да го предвиди тоа.

3. Светот се менува

Овде постојат неколку различни мислења:

Првото и најистакнато е дека живееме во релативно мирно време. Нема потреба младата генерација да стане многу сериозна.

Денес има многу помалку деца во модерните семејства. Како резултат на тоа, луѓето имаат пвеќе време и пари да ги одгледуваат своите деца, така што самиот процес на одгледување станува подолг.

На пример, според статистиките, 1/3 од младите во Америка (една од најнапредните земји во светот) на возраст од 20 до 30 години, живеат со своите родители.

Општеството од ден на ден станува посложено. И секако, потребно е многу повеќе време доволно да се навикнеме на тоа.

Глобализацијата е тренд за кој се говори краток период, но веќе остави голем впечаток на младите говорејќи им дека се слободни да прават што сакаат без обзир на својата култура и потекло. Мора да признаеме дека интернетот е посилен од било која традиција.

Младите не брзаат да се венчаат бидејќи религиозните и моралните правила се сѐ послаби. Сексот пред брак и заедничкиот живот денес се обични работи. Денес, според статистиката, во најразвиените земји луѓето не се венчаат пред 32. година.

4. Младите луѓе сѐ помалку се авантуристи

Тоа е веројатно така затоа што немаат силни забрани и затоа што луѓето гледаат најразлични работи на медиумите.

Младите луѓе во денешно време извршуваат сѐ помалку кривични дела за разлика од генерациите на нивните родители. Стапката на криминал се наоѓа на најниско ниво затоа што младите не се заинтересирани за тоа.

Новите генерации се сѐ помалку заинтересирани и за секс. Според една британска студија, секој осми Британец е невин до 26. година. Тоа е резултат на хиперсексуалноста која според мислењата на фуруролозите потполно ќе го измени светот во наредните 10-15 години.

Нивото на тинејџерска бременост е на најниско ниво досега – во однос на периодот од пред 10 години овој број двојно се намалил.

5. Можности

Стандардната работа од 9 до 5, мали но постојани кавги со сопружникот, деца, семејни обврски, одење на море еднаш годишно не се на листата на желби на типичната личност од 20 до 30 година на животот на денешните луѓе. Тие би рекле „Јас сум единствен, јас можам многу повеќе“. Тоа е разликата помеѓ нив и нивните родители кои точно знаеле што сакаат од животот.




Коментари

коментари