Зошто девојките со златна и жолта коса ги нарекуваме „плавуши“?

Кога велиме плава коса – никој не мисли на сина боја, туку на жолта. Зошто е тоа така?

Во нашиот јазик поимањето на боите се менувало низ историјата, па така некои бои и нијанси кои денес постојат, порано не постоеле и обратно или називот за нив е потполно променет. Всушност тоа е и причината поради која жолтата коса кај нас сеуште се нарекува плава.

Нашиот јазик во далечното минато распознавал само светла или темна боја, мат или сјајна. Точната нијанса била небитна, па така не ни постоеле зборови кои значеле различни бои.

Зборот „плав“ во нашиот јазик опишувал нешто светло, а се опишувало и она што е бело и она што е златно жолто. Немало разлика, сето тоа било плаво. Така и човекот кој има светла коса, очи, тен се нарекува „плав“.




Коментари

коментари