Зошто е добро да имате пријатели со авантуристички дух?

Ајде да видиме што ни носат авантуристите во нашиот животи.

„Животот е голема авантура или ништо“, рекла Хелен Келер и ние тотално се согласуваме со неа.

Пријателите со авантуристички дух нè прават посреќни. Ова се пријатели со кои можеме да ги споделиме големите и малите авантури. Тие се луѓе што ги повикуваме кога сме желни за акција и секогаш се подготвени да ги прифатат нашите идеи. Патувањата се убави, но тие се уште подобри ако можеме да ги споделиме нашите незаборавни искуства со другите. Со вистинските луѓе. Со луѓето што ја гледаат нашата најдобра верзија, со кои сме опуштени. Тие не мотивираат и ги прават нашите животи возбудливи, лесни и забавни.

Луѓето со авантуристички дух обично привлекуваат слични луѓе кои се спонтани и забавни. Ова се луѓето кои ќе станат среде ноќ и ќе одат со нас до врвот на ридот за да го гледаат изгрејсонцето или да влезат во автомобилот и да одат во непознато место.

Па, зошто е добро да се има авантуристи во животот?


Тие ја зголемуваат нашата самодоверба.

Затоа што нè охрабруваат да направиме нешто ново и не ни дозволуваат да навлеземе во сивата рутина. Тие ни помагаат да уживаме во новите искуства заедно, нè исполнуваат со животна енергија и прават да се чувствуваме посигурни.

Тие ја зголемуваат нашата креативност.

Овие луѓе ни помагаат да ја покажеме нашата креативност и да ги испробаме работите што никогаш не сме ги правеле.

Авантуристите не прават среќни

„Кажи ми со кого се дружиш и ќе ти кажам каков си“ е вистинската изрека. Ако поминуваме време со луѓе кои се активни, ќе станеме и ние. Знаеме дека нашето време е ограничено и не можеме да комуницираме со секого. Потребно е што помалку да се посветуваме на луѓето кои нè оптеретуваат, а да поминуваме повеќе време со оние што нè охрабруваат да бидеме активни и среќни.

Создавање заеднички искуства

Да се ​​има луѓе со кои можеме да споделиме прекрасни моменти што ќе се паметат до крајот на животот е непроценливо искуство.




Коментари

коментари