Категории

Зошто е корисно да спиете без перница?

Првите перници за кои знаеме потекнуваат од древна Месопотамија. Биле направени од камења а можеле да си го дозволат само богатите луѓе. За разлика од тие камени перници, оние кои денес ги користиме се меки и пердувести, а многу луѓе воопшто не можат да заспијат без перница под главата.

Всушност, спиењето со перница може не е најдобриот начин за одмор затоа што може да влијае врз вашето тело и расположение. Многумина се согласуваат дека спиењето без перница има бројни предности, а ние ви ги издвојуваме некои од нив.

1.Ги намалува болките во грбот
Многу перници можат да доведат до неприродна положба за спиење а потпората која ја пружат не трае долго. Иако самата перница нема да му наштети на грбот, мое да ги зголеми болките. Кога спиете без пернца, кичмата може да се одмори а телото е во природна положба.

2.Помага при болките во вратот
Голем дел од перниците не можат да ви помогнат да спиете во правилна положба а можат дури и да ја влошат. Долготрајното виткање на вратот на било кој начин предизвикува непријатност а премногу тврдите или меките перници можат да доведат до болки во вратот.

3.Може да го ублажи стресот
Колку повеќе пречки во текот на спиењето имате, телото има помалку врме за многу важни функции кои се јавуваат во текот на сонот. Постојаниот недостаток на сон може да влијае на вашето расположение и концентрација а вашето тело во текот на денот лачи повеќе хормон на стрес.

4.Помош кај галвоболка
Ако се будите со главоболка, можеби е виновна вашата перница. Премногу високите перници предизвикуваат напнатост во вратните мускули па не треба да ве чуди што имате утринска главоболка.

Прегледи:
79
Објавено на:
06.12.2020