Категории

Зошто е важно да изберете дом со квалитетни прозорци и звучна изолација?

Домот претставува нашето сигурно место, прибежиште и простор за опуштање и релаксација по напорниот ден. За да бидат исполнети овие услови, звучната излолација на домот е од примарно значење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DDS Building (@dobredojdedoma) on


Буката во станот е еден од најголемите проблеми и пречка во квалитетното домување. Пречесто сме сведоци на случувањата во соседните станови, иако тоа не е по наша волја, токму поради лошата звучна изолација. Без разлика дали станува збор за гласна музика или детска игра, потребниот мир може да го создадеме сами, доколку направиме вистински избор.

Домот изграден со квалитетни материјали е еден од главните предуслови за пријатен и квалитетен живот. Токму затоа, DDS Building при изградбата на својот станбен објект во населбата Маџари, воопшто не штедеа при изборот на најквалитетните материјали. Свесни за важноста на звучната изолација во домот, во секој од своите станбени објекти обезбедија најквалитетни прозори како и врвна звучна изолација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DDS Building (@dobredojdedoma) on


Новата Ера на Премиум Прозорците KÖMMERLING со профил 88 mm, претставува најнапредна технологија во изработката на прозорите. Со овие прозорци се создадени по највисоките светски стандарди кажете и збогум на буката и временските неповолности, а со нив добивате:

Високо Функционална Издржливост – челичниот профил, кој е вграден во самиот профил, гарантира висока издржливост како и цврстина и долготрајност на вашиот прозорец. Затоа, во објектот на DDS Building се имплементирани поголеми отвори на прозорците кои допринесуваат и за поголема светлина во вашиот дом.

Перфектен Мулти-Коморен Дизајн – геометрија на профилот KÖMMERLING 88 mm е дизајнирана за оптимизирање на изотермиката. Дизајнот на самиот профил и коморите обезбедуваат перфектна звучна и термичката изолација, како и обезбедуваат максимална цврстина на самиот прозорец.

Трослојно стакло за одлична изолација на вашиот дом – 4,4 цм дебелина на стаклена површина:
Надворешно 4 мм, 4 сезонско стакло за заштита од надворешни влијанија, Сонце, УВ Зрачење и заштита на внатрешната топлина.
Средишно 4 мм, ниско емисионо стакло за заштита од сонце и бучавост.
Внатрешно, 8мм ламинирано сигурносно и безбедносно стакло, за поголема издржливост и заштита!
Две Аргонизирани комори за одлична звучна изолација.

Тро-Слојна Гумена заштита со средишна дихтунг гума и две надворешни дихтунг гуми обезбедуваат одлична заштита од надворешни влијанија како дожд, ветер и бучава.

Професионална Монтажа – Ѕидно прицвртување со анкери и висококвалитетна пурпена.

Делови за безбедносно монтирање -Деловите кои се оптоварени со носивоста на самиот прозорец, покрај носачките ѕидови се задебелени со специјални штрафови и профили кои го носат главниот товар на самиот прозорец.

Идеална комбинација на бои – Бела боја за сечиј вкус и слобода во уредувањетo на просторот одвнатре, и Antracit боја за елеганција и префинетост на вашиот нов дом однадвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DDS Building (@dobredojdedoma) on


Покрај изолацијата која ја нудат прозорците, особено е важна и звучната изолација при изградбата на станбениот објект. DDS Building во партнерство со Кнауф се погрижија да ја добиете најдобрата заштита од звуци и совршениот мир во домот. Висока енергетска ефикасност за одржливо домување и ниски сметки за ладење и греење. Дом направен од здрави материјали за безбеден и здрав живот. Натстандардна противпожарна заштита, за трајност на домот и безбедност на семејството. И на крај, можност за брзо реновирање и пренамена на просторот, за стан, за дом кој секогаш ќе одговара на моменталните потреби на семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DDS Building (@dobredojdedoma) on


Партнерството на Deni Internacional и Кнауф е партнерство помеѓу одговорни и искусни компании, кои ги знаат потребите на модерниот човек и знаат како нив да ги исполнат.

Кога започнувате ново поглавје во животот погрижете се да обезбедите најквалитетна основа за градење на животот. DDS Building ви го нуди најдоброто во вашиот нов дом. Заштитете се од сите надворешни влијанија и уживајте во својата приватност. Добредојдовте дома!